ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ „ПРОПЕАЛ“ ЗА СЛУЧАЈОТ „СОРАВИЈА“ Дрин Ахмети дал исказ во Јавното обвинителство
Како што пишува порталот Република, Дрин Ахмети вчера бил во просториите на Јавното обвинителство, дал исказ и си заминал.
Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, дал исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Соравија“, објави порталот Република, повикувајќи се на свои извори во Обвинителството.
Како што пишува порталот, Дрин Ахмети вчера бил во просториите на Јавното обвинителство, дал исказ и си заминал.
Дрин Ахмети во последно време беше во Америка заедно со својот брат и со својот татко, кој, впрочем е брат на Али Ахмети.
Неофицијално, тој во САД заминал веднаш по промената на власта во Македонија.
Дрин ѝ стана познат на јавноста откако беше објавено дека станал сопственик на Трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. Но, по притисокот од јавноста и од медиумите, кон крајот на минатата година тој објави дека компанијата ќе биде преземена од „Тексас американ интернешнл холдингс“ на бизнисменот Ник Назар Мехмеди од САД.
Тогаш беше објавено и дека на фирмите на Ахмети „Тхор Индустрис“ и на „Соравиа Инвест“, им се блокирани сметките, но и за тоа нема потврда.