Внукот на Али Ахмети ќе се кандидира за градоначалник на Кичево, ама не од ДУИ

ДУИ тргнала кон спојување со СДСМ, концепт кој во оваа земја нема да се голтне ниту во следните 1.000 години, обвини Фатмир Лимани, кој е внук на Али Ахмети.

1,509

Фатмир Лимани, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ексклузивно за Алсат-М најави дека на претстојните локални избори ќе се кандидира за градоначалник на Кичево, но како независен кандидат.

Тој освен што ја најави својата кандидатура, упати и критика кон ДУИ, како и кон актуелниот кичевски градоначалник Фатмир Дехари.






Ќе се кандидирам како независен кандидат за градоначалник од многу причини.

Фатмир Лимани

– Ќе се кандидирам како независен кандидат за градоначалник од многу причини. Актуелниот градоначалник од 2002 година е претседател на партискиот огранок на ДУИ, беше заменик-министер, па директор на Пошта. Вршеше и други раководни функции, а потоа стана градоначалник на Кичево. Како единствен успех во целиот период може да му се смета поплочувањето на улици со бекатон-плочки, но и тоа мора да се провери бидејќи сомнителна е цената по која се набавени – рече Лимани, пренесе Алсат.

Тој зборуваше и за поделбите во ДУИ, а го обвини и лидерот на партијата Али Ахмети дека не ги зема предвид одлуките донесени од сите структури, што, според него, тоа ја води партијата кон уништување.

– Пред неколку дена изјавив дека Али Ахмети за една болва не ја пали постелата, немој да го изгубиш Изет Меџити затоа што свесно ја испраќаш ДУИ во историја. Дури и оваа порака наиде на глуво уво. Со еден збор, ДУИ тргнала кон спојување со СДСМ, концепт кој во оваа земја нема да се голтне ниту во следните 1.000 години – рече Лимани.

Поврзани содржини