ВНУК НА АЛИ АХМЕТИ ГО КУПУВА БИЗНИС ЦЕНТАРОТ „СОРАВИЈА“ Една од фирмите-купци е на Дрин Ахмети

Дрин Ахмети исто така е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас.

1,109

Бизнис центарот Соравиа го купуваат фирма на внук на Али Ахмети и компанија од Тирана, пишува порталот Мкд.мк.

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот Соравиа се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“.






Дрин Ахмети, внук од братот на Али Ахмети, Фекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти „Тор индустрис“.

Дрин Ахмети исто така е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. Оваа фирма добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари. Негов партнер во оваа фирма бил и Бесин Ахмети, неговиот брат.

Поврзани содржини