ВНИМАВАЈТЕ, СЛЕДУВА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР И СО ГРАД Издаден жолт аларм од УХМР, еве што значи тоа
Се очекува денеска во попладневните и во вечерните часови да има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи. Ќе има услови за изолирано невреме со засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.
Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт аларм за територијата на цела Македонија, за можно силно невреме, односно за ветер и за грмотевици.
Се очекува денеска во попладневните и во вечерните часови да има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи. Ќе има услови за изолирано невреме со засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.
Утре, пак, поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, времето ќе биде малку посвежо. Во деновите потоа температурата повторно ќе биде во пораст и од понеделник се очекува да достигне 40 степени Целзиусови.
Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа. Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.
Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.