Внимавајте што пишувате на Фејсбук за Бугарија: МВР го следи и го казнува говорот на омраза
Од МВР велат дека најостро ги осудуваат сите видови на провокации и израз на омраза кој не се во интерес на односите помеѓу двете земји.
Полицијата го следи и го санкционира говорот на омраза на социјалните мрежи поврзан со актуелните случувања со Бугарија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако вчера на амбасадорот на земјава во Бугарија му биле соопштени конкретни групи на Фејсбук.
Спасовски рече дека тој на оваа тема соработува со бугарските колеги и дека внимателно се следи говорот на омраза за што веќе се водат и конкретни истражни дејствија.
– Ги следиме, преземени се одредени истражни дејства за одредени фејсбук-групи и на други мрежи. И ова не е само за ситуацијата туку и генерално, бидејќи проблемот со говорот на омраза е сериозен, создава непријателства и во други држави, иако во овој период е малку поизразено поради состојбата – рече Спасовски.
Од МВР велат дека најостро ги осудуваат сите видови на провокации и израз на омраза кој не се во интерес на односите помеѓу двете земји.
Претходно и македонската Влада поведе постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на Медиумската информатива агенција поради објава на фб статус со навредлива содржина за бугарската министерка Захариева.