ВНИМАВАЈТЕ КОИ ИГРАЧКИ ГИ КУПУВАТЕ Фалсификатите на познатите играчки Лабубу се опасни по здравјето на децата

Станува збор за две серии фалсификувани  кадифени играчки од брендот Pop Mart - Labubu и Monster кои се фалсификувани. Играчките потекнуваат од Кина.

44

Системот за брза размена на информации за небезбедни производи што се пласирани на единствениот пазар на ЕУ (RAPEX)  издаде предупредување за неисправност на два производи и нивно итно повлекување од продажба поради хемиски ризик.

Станува збор за две серии фалсификувани  кадифени играчки од брендот Pop Mart – Labubu и Monster кои се фалсификувани. Играчките потекнуваат од Кина.






Пластичниот материјал вграден во играчката Лабубу – чудовиште има прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) (измерена вредност: 16,55% по тежина).

Овој фталат може да му наштети на здравјето со предизвикување евентуално оштетување на репродуктивниот систем.

За овој производ пријавила Чешка.

 

Вториот производ е  Чудовиште со   КОКА-КОЛА, е  бела кадифена играчка, изработена од пластика и филц, со црвен капак и шише што личи на „кока кола“, пластично лице, раце и нозе.

И оваа играчка е фалсификат на  брендот Pop Mart . Број на серија: 410006-2P1,  број на модел: 12403190065. Баркод: 6931571047290

Пластичниот материјал на производот има прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) (измерени вредности до 34,7% од тежината).

Фалсификатот е пријавен во Германија.

Поврзани содржини