ВНИМАВАЈТЕ КАКО ВОЗИТЕ НА МЕСТА СО МОЖНОСТ ЗА ОДРОНИ Има снег на патиштата Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража и Страцин

Авто – Мото Сојуз на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

400

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови, по влажни коловози. Снег провејува на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража и Страцин, кој во мометов не се задржува на коловозот.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село, е затворен за секаков вид на сообраќај.






Од Јавното претрпијатие (ЈП) Македонија пат информираат дека е намалена видливоста поради магла до 50 метри во Крушево и во Плетвар.

Додаваат дека со целокупната расположива механизација и работна сила ЈП Македонија пат е вклучена во расчистување на патиштата.

На одредени патни правци, кои поминуват низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци, надвор од градските средини, е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Авто – Мото Сојуз на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони. Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Поврзани содржини