ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАРКИРАТЕ ВО СОЛУН Градот воведе блокатори за тркала

Општина Солун воведува строга казнена мерка за непрописно паркирање, македонските туристи кои се упатуваат на шопинг или прошетка треба да внимаваат каде го оставаат возилото.

1,223

Општина Солун почнува со поставување блокатори на тркала за сите возила кои непрописно се паркирани и оваа мерка важи без исклучок и за странските туристи, вклучувајќи ги и многубројните Македонци кои често го посетуваат градот за шопинг или прошетка.

Според надлежните, блокаторите ќе се ставаат на возила паркирани на места наменети за жители, на рампи за лица со попреченост и во зони за товарење и истовар, кои се критични локации за движење и пристап.






„Паркирањето на стотици возила со странски таблички, особено во туристичката сезона, стана секојдневие. Имаше и случаи кога возачите вадеа регистарски таблички за да избегнат казна. Ова повеќе нема да помине“, соопштува Општина Солун.

Ако забележите дека вашето возило не може да се придвижи, тоа значи дека е блокирано со блокатор на тркало. Потребно е да се јавите на бројот на општинската полиција: +30 2313 317930, да ја платите казната, по што само надлежните ќе ја отстранат блокадата.

Заменик-градоначалникот задолжен за општинската полиција, Костас Циапакидис, изјави за грчката агенција АНА-МПА.

– Во многу случаи, странци ја кинеа казната и си заминуваа од земјата без никаква последица. Со блокаторите тоа веќе не е можно – само по уплата на казната, автомобилот може да биде ослободен. Имавме случаи каде возила беа паркирани на забрането и по 15 дена – Циапакидис.

Мерката ќе биде активна најмалку до крајот на септември, а властите најавуваат и дека ќе има проширување на контролите во централните делови на Солун, каде што македонските туристи најчесто се движат – улиците околу ТЦ „Mediterranean Cosmos“, променадата, и централниот плоштад.

Поврзани содржини