ВНИМАВАЈТЕ, ИНДИСКИ ОРИЗ СЕ ПРОДАВА КАКО КОЧАНСКИ Оризопроизводителите бараат државата да го заштити домашното производство

Земјоделците кои произведуваат ориз се загрижени дека со ваквото однесување дистрибутерите кои го нудат увезениот како домашен ориз му штетат на домашниот бренд.

1,203

Оризопроизводителите од кочанско тврдат дека ориз увезен  од Индија, Пакистан и земјите од далечниот Исток се пакува со декларација „кочански“ и се продава во маркетите  со што се руши квалитетот на домашниот ориз.

Тие бараат институциите да реагираат и да го заштитат домашниот бенд.






– Имаше многу увезен ориз оваа година, кој се брендира како кочански. Бараме инспекторатот да излезе на терен и да го провери квалитетот, па ако не е кочански, да се продава по онаа марка како што е увезена, дали индиски, пакистански, не знаеме, меѓутоа како кочански да не се декларира, бидејќи се уништува нашиот, кочанскиот ориз, а се знае дека тој е бренд и е најквалитетен – изјави Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево за ТВ Сител.

 

Поврзани содржини