ВНИМАТЕЛНО ЗА ПРАЗНИЦИТЕ Периодов се зголемува ризикот од срцев удар

За повеќето луѓе, празниците се стресен период во кој обично треба да исполнат многу обврски, често во исто време. Рутината е нарушена, јадеме и пиеме повеќе, помалку вежбаме и помалку се релаксираме. Во исто време, многумина од нас не го слушаат својот организам или не обрнуваат внимание на предупредувачките знаци, велат експертите.

533

Бројни научни истражувања покажаа дека за време на божиќните и новогодишните празници е забележан пораст на бројот на срцеви удари и дека во периодот од 25 декември до 1 јануари од срцев удар умираат повеќе луѓе отколку во кое било друго време од годината.

Американското кардиолошко здружение (АХА) предупреди дека повеќето луѓе умираат од срцев удар во споменатиот период бидејќи сезоната на празници е стресна за многумина. Се консумираат многу храна, алкохолни пијалаци, а луѓето помалку се движат.






Затоа оваа водечка светска непрофитна организација фокусирана на здравјето на срцето и мозокот состави предлози како да се подготвите за празниците за да избегнете потенцијален срцев удар, а исто така нуди совети кои би можеле да ви помогнат да поминете среќна и здрава празнична сезона.

Рутината е нарушена

– За повеќето луѓе, празниците се стресен период во кој обично треба да исполнат многу обврски, често во исто време. Рутината е нарушена, јадеме и пиеме повеќе, помалку вежбаме и помалку се релаксираме. Во исто време, многумина од нас не го слушаат својот организам или не обрнуваат внимание на предупредувачките знаци, како што се притисок или болка во градите, често придружени со отежнато дишење, мислејќи дека одењето на преглед може да почека додека не завршат празниците“, предупредуваат д-р Доналд Лојд-Џонс, претседател на Американското кардиолошко здружение и Ајлин М. Фоел, кардиолог и раководител на Катедрата за превентивна медицина на Медицинскиот факултет Фајнберг на Универзитетот во Нортвестерн во Чикаго.

– Ситуацијата може да биде уште потешка за сите оние кои не успеаја да ги поминат празниците со членовите на семејството и пријателите поради ковид-пандемијата и ограничувањата во минатата година. Исклучително е важно луѓето да бидат свесни за овие ризици. Ве советуваме да преземете неколку едноставни чекори кои ќе ви помогнат да го одржите вашето срце здраво, а тоа ќе ви овозможи да имате уште многу прослави во новата година – се согласуваат американските кардиолози.

Има неколку работи што треба да ги имате на ум оваа празнична сезона, а листата можете да ја проверите двапати.

Знаците на срцев удар може да варираат помеѓу мажите и жените

Добро би било да знаете кои се симптомите на срцев удар за, доколку е потребно, да ги преземете вистинските чекори.

Знаците на срцев удар може да бидат различни кај мажите и кај жените, и важно е да ги препознаете рано и да повикате брза помош. Колку побрзо добиете медицинска помош, толку се поголеми шансите да преживеете и да спречите оштетување на срцевиот мускул.

– Обидете се да славите умерено. Време е да се консумираат поголеми количини храна и алкохол од вообичаеното. Да се храните здраво за време на празниците не значи дека треба да се лишите од одреден вид на храна, напротив, само консумирајте ја умерено и внимавајте на количината на сол што ја внесувате во организмот – велат докторите.

Движењето е важно

Најдете време за себе за време на бурната сезона на празници. Обидете се да го намалите стресот што може да ви го создадат семејните интеракции, финансиските проблеми, бурните распореди и другите извори на стрес карактеристични за ова време, а тоа важи и за патувањата.

Американското кардиолошко здружение препорачува најмалку 150 минути физичка активност неделно, но тој број обично опаѓа за време на празничната сезона. Обидете се да останете активни, одете на семејна прошетка или изберете друга забавна активност што можете да ја правите со членовите на семејството или пријателите.

– Не заборавајте редовно да ги земате вашите препишани лекови. За време на празничната сезона, често се случува ненамерно да ја прескокнете терапијата. АХА ве советува да не заборавите редовно да ги земате лековите и да не го одложувате одењето на итен преглед ако чувствувате притисок и болка во градите, кои често се придружени со отежнато дишење.

Поврзани содржини