ВНИМАТЕЛНО СО ПОЛОВНИТЕ ВОЗИЛА Одземени 10 возила под сомнение за фалсификат во акцијата на МВР и на Интерпол (ФОТО)

На територијата на Република Северна Македонија за време на акцијата беа извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат.

594

Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествуваше во глобална операција против криминал со моторни возила, координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол.






фото: МВР

Операцијата беше спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли.

фото: МВР

На територијата на Република Северна Македонија за време на акцијата беа извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат.

фото: МВР

При преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле Кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик.

– Апелираме до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува – велат од МВР.

Поврзани содржини