АДВОКАТ ОД СТРУГА И ПРАВНИК ОД АРАЧИНОВО Поминаа низ комисискиот филтер за членови на Советот на обвинители

783

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата попладнево дадоа поддршка Ардијан Демири, адвокат од Струга и Ведат Салихи, дипломиран правник со положен правосуден испит од скопското село Арачиново да бидат избрани за членови на Советот на јавните обвинители.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓија Сајкоски соопшти дека на огласот во законскиот превиден рок се пријавиле тројца кандидати за оваа функција.






– За член на Советот на јавни обвинители се избира лице кое е од редовите на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на Уставен суд, меѓународни судии и други истакнати правници кои ги исполнуваат следните услови – да е државјанин на Република Македонија, да е дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство во правната професија, со положен правосуден испит и кое во вршење на правната професија се истакнало со научна или професионална работа или со свое јавно делување и да не е осуден со правосилна одлука или пресуда за кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување во вршење на функција или друго кривично дело – рече Сајкоски.

Утврдена е и Одлуката за именување членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации. Од 19 кандидати за членови на Комисијата на Агенцијата, комисискиот филтер го поминаа Анкица Трпковска, дипломиран јавен администратор од Скопје, Орце Симов, дипломиран  електро-технички инженер од Делчево, Ангелинка Динеска, дипломиран инженер по компјутерски науки од Битола, Адмирим Аљити, дипломиран по компјутерски науки и доктор по компјутерски науки од Куманово и Насер Адеми, дипломиран економист од Скопје.

Во рамки на оваа седница беше утврдена и Одлуката за именување на претседател, потпретседател и членови на Националниот совет за евроинтеграции.

Поврзани содржини