ВНАТРЕ ВО ЛЕТАЛОТО НА ИЛОН МАСК Како е да ја отвориш стаклената вселенска купола ВИДЕО

За околу 20 минути од лансирањето, екипажот требаше да го отвори капакот на куполата за прв пат – остатокот од видеото зборува само за себе. Младата девојка од екипажот, Хајли Арцено, кој имала преживеано рак, се чини дека останува без зборови пред глетката на вселената кон крајот на видеото.

292

Историјата беше испишана кога четворица обични граѓани-туристи полетаа со ракетата Crew Dragon на компанијата Спејс Икс, а конечно се појави снимка од нејзината внатрешност, открива Футуризам. Како изгледа да бидеш внатре и да ја отвориш стаклената купола за да го видиш пространството наречено планета Земја?

Специјалистот за туристички и научни комуникации на Спејс Икс, Сиан Проктор, сподели видео од навистина скапоцен момент: првпат екипажот на Inpsiration4 го отвори отворот на масивната стаклена купола – „вистинско обележје на мисијата Inspiration4“, според Проктор.






Еве го мигот на отворање на капакот.

 

На кој му текна за куполата? Па, за да се постигне поуверливо туристичко искуство, Спејс Икс одлучи да го замени докинг-модулот на Crew Dragon, кој обично се користи за приклучување со Меѓународната вселенска станица, со масивна стаклена купола. Нема прозорци и рамки, само стакло.

За околу 20 минути од лансирањето, екипажот требаше да го отвори капакот на куполата за прв пат – остатокот од видеото зборува само за себе. Младата девојка од екипажот, Хајли Арцено, кој имала преживеано рак, се чини дека останува без зборови пред глетката на вселената кон крајот на видеото.

„Свето срање“, се слуша како во заднината мрмори Крис Семброски, поранешниот советник и член на екипажот во Вселенскиот камп.

Екипажот, исто така, одлучи да ја пушти мистичната арија „Така зборуваше Заратустра“, компонирана во 1896 година од Рихард Штраус, при отворање на куполата. Песната е прилино позната и беше искористена во научно-фантастичната епопеја „2001: Одисеја во вселената“.

А што е лошото во сево ова? Ништо со куполата, единствено што по завршувањето на летот Илон Маск призна дека имале мали проблеми со тоалетот во леталото. Значи, не се доволни куполи и иновативна ракетна технологија. Мора човек да мисли на сè.

Поврзани содржини