ВМРО ПРОТЕСТИРАШЕ ПРЕД БОЈАНА Ние не сме против Македонија во ЕУ, но таму Бугарите се репресирани

На средбата беше истакнато дека динамиката со која се реализира заедничката седница како и почетокот на активностите на работните групи ја потврдува заложбата на двајцата премиери да бидат поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи.

523

Младинската организација на ВМРО организираше протест пред владината резиденција Бојана пред вториот круг разговори меѓу премиерите на Бугарија и Република Северна Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски, објави БНТ.

Причината – стравувањата на патриотите дека новата влада го издава бугарскиот национален интерес за македонското прашање.






– Тука сме да му објасниме на премиерот Петков дека во Македонија живеат Бугари. Да му објасниме на премиерот, да го осветиме неговото име, дека со насмевнување во трговски центар без маска не се решава проблемот со Македонија – рече поранешниот пратеник Александар Сиди од ВМРО.

Сиди виде симболично занемарување на историјата – Петков го пречека својот колега Димитар Ковачевски пред споменикот на Непознатиот војник, но двајцата не му оддадоа почит на споменикот на Цар Самоил, кој се наоѓа на неколку метри.

– Проблемите не се вкоренети во летот Софија-Скопје, туку во бугарскиот јазик, кој овие луѓе преку граница секојдневно се обидуваат да го украдат. На србизмот нема место во Европската унија – велат од ВМРО.

Изјавата на премиерот Петков, која сугерира дека во Бугарија имало фашизам, се граничи со лудило, дециден е Сиди.

– Можам да кажам дека овој човек мора да се предозирал со својата кетодиета или да завршил на Харвард со нивната специјална програма – тоа е единствената причина. Фашизмот е тезата што со години ја промовира српската пропаганда во Македонија – изјави Сиди.

Поврзани содржини