ВМРО-НП ГО БАРА ДОГОВОРОТ СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ НА ВИДЕЛИНА Партијата на Љубчо Георгиевски забележала повеќе нелогичности
Барањата на ВМРО-НП денеска на прес-конференција ги изнесе пратеникот Љупчо Балкоски, кој во своето обраќање се осврна на повеќе нелогичности кои произлегуваат од договорот со „Бехтел и Енка“, а кои, како што наведе, сега излегуваат на површина со предлог-измените на овие закони.
Коалицискиот партнер во власта ВМРО-НП денеска побара од Владата да го објави договорот со стратешкиот партнер за изградба на дел од Коридорите 8 и 10-д „Бехтел и Енка“ и да објасни дали измените на законите кои во моментов се во собраниска процедура се содржани во договорот како обврска на Владата.
Барањата на ВМРО-НП денеска на прес-конференција ги изнесе пратеникот Љупчо Балкоски, кој во своето обраќање се осврна на повеќе нелогичности кои произлегуваат од договорот со „Бехтел и Енка“, а кои, како што наведе, сега излегуваат на површина со предлог-измените на овие закони.
– Бидејќи договорот за изградба не е достапен официјално, бараме од Владата да го објави договорот или да го презентираат на коморите, стручните здруженија и невладини организации од оваа дејност и да објасни дали измените и дополнување на законите се содржани во Договорот како обврска на Владата. Зошто прво е потпишан договорот, а потоа се прават измени на закони кои на стратешкиот партнер му даваат најповластена состојба од сите досегашни инвеститори во Македонија. Истакнувам дека при потпишување на договорите изведувачите односно сега според законот стратешкиот партнер се запознаени со сите постоечки закони кои важат во Македонија и кои ќе се однесуваат и ќе важат при нивната работа и изведување на работите – истакна Балкоски.
Тој побара одговор и на прашањето:
– Дали ако овие предлози за измени и дополнувања на законите не бидат усвоени од Собранието, Владата ќе треба да плати финансиска отштета на стратешкиот партнер и колку сега ќе изнесува вкупната вредност на проектот кој на почетокот беше предвиден на 1,6 милијарди евра? – праша пратеникот.