ВМРО ГИ ПОКАЧИ ПЛАТИТЕ ЗА 67 ОТСТО Шкријељ ja корегираше Јаневска и рече тоа било 4% или поточно 850 денари

Во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во тие 10 години е општопознато дека платите на наставниците беа покачени, највисоката за 67 проценти, а најниската за 117 проценти, рече Весна Јаневска.

1,336

Претседателката на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука Весна Јаневска нагласи дека во владеење на нејзината партија платите на наставниците се покачиле за 67 проценти највисоката, додека пак за 117 проценти за најниската плата во образованието. На ова остро реагираше пратеничката од редовите на СДСМ, Санела Шкријељ која рече дека Јаневска не ја кажува вистината и дека наставниците за тој период добиле покачување од 4 проценти или точно 850 денари.

– Во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во тие 10 години е општопознато дека платите на наставниците беа покачени, највисоката за 67 проценти, а најниската за 117 проценти. Тоа е факт којшто постои и нема што да се дискутира. Значи СДСМ никогаш не може да го стигне ВМРО-ДПМНЕ, зошто да сакаа да им ги покачат платите ќе им ги дадеа тие 18 проценти, а немаше да им понуди понижувачки 12 проценти – потенцираше Јаневска.






Пратеничката од редовите на СДСМ, Санела Шкријељ појасни дека од 2017 година нема година во којашто нема зголемување на платите на кадарот во образованието и посочи дека во деценијата владеење на ВМРО ДПМНЕ платите пораснале само за 850 денари и ништо повеќе од тоа.

– Два пати по 5%, 10%, минатата година за првпат колективен договор за вработените во високото образование и сега како никогаш претходно 12% понуда за зголемување. Да не ги извртуваме тезите. Владата има слух и средства. Понудата е на маса. Апсолутно се почитува правото на штрајк, но и исто така право е правото на образование. Апелите беа да се продолжи да се преговара, но да продолжи наставата за да може учениците да си ги завршат обврските. Јас ги видов изјавите на тие што се пред СОНК, меѓутоа знам дека поголемиот дел од наставниот кадар ја почитуваат денешната одлука. Наставниците не постојат сами за себе – кажа Шкријељ во емисијата „24 анализа“.

Поврзани содржини