Вечерашното гостување на Зоран Заев е срам за Република Македонија. Срамота е премиер да не одговори на граѓаните за состојбата на државата. Срамота е премиер да не знае да одговори како ќе се соочува Македонија со ковид-19, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на премиерот Зоран Заев на Канал 5.
„Владата на Зоран Заев е пиши – бриши проекти. Единствено Зоран Заев што направи е продавање на се што е македонско. Заев не одговори дали Гоце Делчев ќе остане Македонец. Заев не одговори кога ќе се расчистат аферите „Дака“, „Рекет 2“, „Шпанско село“ итн. Заев не одговори дали ќе одговара за се што се има огрешено. Заев не одговори дали ќе престане со политичкиот прогон кој го врши врз неистомислениците.Заев не одговори зошто Македонија според извештаи е хибриден режим. Заев не одговори дали ќе го реши проблемот на лозарите. Заев не одговори кога ќе ги врати украдените пари од граѓаните. Заев не одговори зошто секој ден се затвораат фирми“, се вели во реакцијата.
Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ, не одговори зошто се покачи струјата на 7.4 отсто и зошто има над 40.000 граѓани невработени.
„Заев не одговори зошто Македонија има пад на БДП на -12.7%. Заев не одговори зошто над 500.000 граѓани живеат со 50-тина денари дневно и се на раб на егзистенција. Заев не одговори зошто Македонија има најмногу починати од ковид-19. Заев не одговори до кај се капиталните инвестиции, зошто Македонија е слепо црево во Европа според инфраструктурата. Владата на Заев единствено е сервис за своите интереси. Оваа влада не работи за граѓаните и нивното добро. Владата на Заев единствено нуди криминал, корупција, сиромаштија и лаги“, се вели во реакцијата.