ВМРО-ДПМНЕ: Заев му натовари нов долг на секое семејство од 4.800 евра

За само четири години власт од Заев и неговата екипа долгот се зголеми на рекордни 7,2 милијарди евра, или 63% од БДП - велат од партијата.

297

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев воопшто не мисли на граѓаните.

– Зошто тој би мислел за граѓаните, за животниот стандрад кога едноставно одлучил дека треба да искористи се што може и тоа само за себе и за неговата екипа. Затоа нема никакви реформи, нема никакви мерки, има само поскапувања. Има само нови такси, поскапа струја, какво се не ти зголемени давачки. Едноставно кажано има само катастрофална финансиска политика, ако истата може да се нарече и политика – велат од партијата.






Тие додаваат дека целта на власта е една да ја полни буџетската дупка која ја создадоа токму тие со нивното расипништво.

– За само четири години власт од Заев и неговата екипа долгот се зголеми на рекордни 7,2 милијарди евра, или 63% од БДП. Колку за илустрација, Заев на секое семејство му натовари нов долг од 4.800 евра за време на својата власт.б Заев со новите зголемени давачки само сака да ја покрие својата лоша економска политика, крајно недомаќинско работење, а со тоа само дополнително ги осиромашува граѓаните. Во меѓувреме, не направи ништо, нема капитални инвестиции, ама има нови долгови, потрошени пари за кои никој не дава отчет – стои во соопштението на партијата.

Поврзани содржини