ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче не се способни да преземат ниту донирани вакцини, народот умира

Македонија сè уште е на врвот на листата на земји по починати од ковид-19 на 1 милион жители, а голем дел од тие животи сега ќе беа спасени доколку Заев набавеше вакцина на време, обвини опозицијата.

512

Епска брука на Заев и Филипче, не се способни ниту донирани вакцини да превземат додека народот умира, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако ноќеска Владата соопшти дека се одложува пристигнувањето на вакцините од Србија.

„Да имаа грам одговорност денеска ќе си напишеа сами оставка и ќе се извинеа на нацијата. Арамијата Заев прво чекаше вакцини од Грција, не ги доби, па од Бугарија кои исто не ги доби, сега од Србија, никако да му стигнат. Наместо да чека донации, досега требаше да се фати за работа и сам да набави, а не да ја брука државата кај ќе стигне. Цел регион и цела Европа одамна се вакцинира, а Заев се фали дека ќе му стигнат вакцини, кои не ги набавил, туку некој друг му ги подарил. А тие никако да стигнат. Македонија со Заев стана земја за жалење, наместо да обезбеди вакцини на време, тој моли за вакцини низ соседството, прво се фалеше со бугарски вакцини, кои не му стигнаа, а сега со српски. Македонија сè уште е на врвот на листата на земји по починати од ковид-19 на 1 милион жители, а голем дел од тие животи сега ќе беа спасени доколку Заев набавеше вакцина на време“, се вели во партиското соопштение.






Филипче и Заев се неспособни да извршат набавка на вакцини, наведено е таму, а уште помалку ќе извршат вакцинација.

„Според нивниот план за вакцинација Македонија ќе се вакцинира 3 години. Филипче и Заев се неспособни, а резултатот од тоа е голем број на заразени и починати граѓани од ковид-19“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини