ВМРО-ДПМНЕ: Заев гарантирал 100 милиони евра за криминален проект за што има аудио-видео докази

Според вчерашното рочиште Зоран Заев гарантирал 100 милиони евра за изградба на спорните домови и за истото постоеле докази и аудио-видео материјали.

670

Врти-сучи аферата со Меѓународниот сојуз во јавноста познат како продолжеток на „Рекет“, пак се поврзува со Зоран Заев, коментира денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Според вчерашното рочиште Зоран Заев гарантирал 100 милиони евра за изградба на спорните домови и за истото постоеле докази и аудио-видео материјали. Затоа денес судот се препелкаше и бараше начини како овие информации да не излезат во јавност. Ова е уште една потврда дека власта на Заев, па дури и самиот тој биле вмешани во изнудување милиони евра од бизнисмени. Градоначалници потпишувале меморандуми, партиски функционери таргетирале бизнисмени, а Заев гарантирал стотици милиони. Да потсетиме дека првообвинетиот во овој случај лично тврдеше дека сите рекетирани пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви, а приложените докази тоа тврдење и го поткрепуваат. Криминал пар екселанс. Сега има 100 милиони причини за проширување на истрагата“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму нагласуваат дека Заев може да се бега од одговорност, судството може да го спасува, ама вистината излегува на виделина.

Поврзани содржини