Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев кај претседателот Пендаровски, барал гаранции за заштита на здравјето на граѓаните, посочил на потребата од кредибилен изборен процес со целосен увид во избирачкиот список и кредибилна мисија на ОБСЕ и ОДИХР, брифираат за „Плусинфо“ од најголемата опозициска партија.
– ВМРО–ДПМНЕ поаѓа од своите принципи за заштита на здравјето на граѓаните со оглед на растечката тенденција на ковид заразата – велат од партијата.
Освен гаранција за заштита на здравјето на граѓаните, Мицкоски на средбата ја посочи потребата за кредибилен изборен процес при што потребен е и увид во избирачкиот список и кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
Мицкоски инсистирал да се запазат уставните и законските норми во однос на изборите и воедно да не се лицитира со датуми бидејќи тоа е неодговорно кон граѓаните.
Тој посочи дека изборите не смеат да се прертворат во трка по датуми, туку суштина, која треба да обезбеди гаранции за здравјето и за кредибилен изборен процес.
– ВМРО–ДПМНЕ е за компромис, бидејќи тоа е добро за државата, но и неприфаќање еднострани диктати, кои генерираат дополнителни кризи – брифираат од партијата.