ВМРО-ДПМНЕ: За меракот на Заев имаше хеликоптер, ама не и за овчарот кој почина

Животот на овчарот од Кратово можеби ќе беше спасен доколку навреме беше транспортиран во болница. Хеликоптерот со кој леташе Заев можеше да се употреби и за спас на овој човечки живот, но наместо за спас на човечки животи хеликоптерите на државата се користат за ќефот на Заев и врвот на власта, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

517

За ќефот на Заев имаше хеликоптер, за овчарот кој почина не! Тоа е животот во Македонија! По една седмица во кома, денеска почина 63 годишниот овчар, кој откако преживеал мозочен удар наместо да добие адекватна лекарска помош, тој бил носен со часови од лекарот на итна помош низ планински терен, затоа што немало возило кое ќе го превезе, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Животот на овчарот од Кратово можеби ќе беше спасен доколку навреме беше транспортиран во болница. Хеликоптерот со кој леташе Заев можеше да се употреби и за спас на овој човечки живот, но наместо за спас на човечки животи хеликоптерите на државата се користат за ќефот на Заев и врвот на власта. И овој како илјадници животи кои се загубија во оваа пандемија,  е загубен пред се заради лошата организираност на власта и нивната неспособност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини