ВМРО-ДПМНЕ: Владата на стаклени, нозе Спасовски и Маричиќ немаат НАТО сертификат

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека цела влада на Заев е проблематична за НАТО, Спасовски и Маричиќ се едни во низата претставници на власта на Заев кои не добиле сертификат, НАТО веќе и врати на Шекеринска двајца претставници од Брисел.

830

ВМРО-ДПМНЕ реагира на информацијата дека министрите за внатрешни работи и правда Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ немаат добиено сертификати за НАТО за безбедност.

Во реакцијата се вели:






„Владата на Заев е на стаклени нозе. Министрите од областа на безбедноста и правдата Спасовски и Маричиќ се без НАТО сертификат за безбедност.
Министрите од владата на Заев кои се соочуваат со најмногу сензитивни информации според НАТО не се доверливи личности.
Заев да каже дали е точно дека едниот нема сертификат зошто имал контакт со странска служба? А другиот поради случај на корупција?
Недозволиво е министер на МВР да нема НАТО сертификат за безбедност.
Како може Спасовски и Маричиќ да се не безбедни за НАТО, а да се безбедни за Македонија? Заев со нивно чување на позиција свесно ја поткопува безбедноста на државата.
Цела влада на Заев и нивните кадри се проблематични за НАТО, Спасовски и Маричиќ се едни во низата претставници на власта на Заев кои не добиле сертификат, НАТО веќе и врати на Шекеринска двајца претставници од Брисел.
Во СДСМ буквално нема човек на кој НАТО може да му даде сертификат. СДСМ е анти НАТО партија“.

Поврзани содржини