Иднината е во новиот заеднички патриотизам, а не државата да биде поделена помеѓу клановите на власта, Струмица на Заевци, а Битола на Вицевци, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заеднички патриотизам е да донесеме нови странски инвестиции, се повеќе домашни фирми да го окрупнуваат производството, а младите да се охрабруваат да влегуваат во приватен сектор и да отпочнат свој бизнис, за да обезбедиме повисоки плати. Да има повеќе пари за народот. А не како сега сите бизниси да ги добиваат фирмите блиски до Вице. Заеднички патриотизам е кога борбата против криминалот ќе биде неприкосновена. А не името на Вице да исчезнува од кривична пријава, само затоа што е брат на премиерот. Заеднички патриотизам е кога исто ќе важи законот и за премиерот и за земјоделецот кој произведува храна да ја прехрани нацијата“, се наведува во соопштението.
Заеднички патриотизам е да се бориме за квалитетно образование, а не образование со електронски учебници само затоа што треба да има тендери што ќе завршат во приватни џебови. Време е да создадеме нова иднина, велат од партијата.