ВМРО-ДПМНЕ: Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат
Од паријата велат дека со Заев секој суд стана како пљачката СЈО.
Додека во земјава народот се бори за живот тие немаат право да си ги покачат парите. Луѓе умираат и губат животи на постела барајќи донации, а уставните судии спротивно на закон си изгласале покачување на платите за себе, се вели во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ.
– На земјава со водство на Заев не и треба втора пљачка со хонорари како што беше СЈО Дополнително Уставните судии треба да ги почитуваат Уставот и законите, а не да ги кршат. Гласањето на додаток на плата е незаконски. Секое покачување на плата или измени во тој дел треба да помине во Собрание, се друго е кршење на законите – велат од партијата.
Оттаму прашуваат дали со ваквите додатоци на плата треба да и се угоди на Кацарска која СДСМ сака да ја избере за Уставен судија, па покрај загарантираниот мандат од 9 години, таа треба да добие и повисока плата?!
– Бараме веднаш да се укине ваквата одлука, и Министерството за финансии да не постапува по истата при исплата на платите – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.