ВМРО-ДПМНЕ ТВРДИ ДЕКА ВЛАСТА ЛАЖЕ ДЕКА НЕ УВЕЗУВА СТРУЈА Од СДСМ возвраќаат дека Мицкоски не знае ништо за енергетиката

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека со целосно искористување на капацитетот на РЕК Битола и РЕК Осломеј, што ќе беше можно доколку навремено се копаше јаглен, и доколку беа целосно оперативни блоковите, само од термоелектраните ќе се произведеше близу 19.000 мегават часови струја.

59

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека владата лаже кога вели дека не се увезува струја, бидејќи РЕК Битола и Осломеј работат со половичен капацитет. СДСМ возврати дека сѐ што кажал Мицкоски за енергетиката излезе погрешно.

ВМРО-ДПМНЕ своето тврдење дека енергетските капацитети работат со половен капацитет го темели на фактот што РЕК Битола и РЕК Осломеј заедно имаат инсталиран производствен капацитет од 810 мегавати, а тој капацитет не е искористен, ниту половично.






Од партијата се повикуваат на податоци од 24 октомври. според  кои, во функција биле 361 мегавати, односно 44,6% од инсталираниот капацитет.

– И во такви слаби услови, термоелектеаните произвеле над 70 отсто од домашната струја. На 24 октомври се произвеле вкупно 11.000 мегават часови струја, од сите енергетски капацитети, а потрошени се 13.000 мегавати. Што значи дека се увезени 2.000 мегавати – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека со целосно искористување на капацитетот на РЕК Битола и РЕК Осломеј, што ќе беше можно доколку навремено се копаше јаглен, и доколку беа целосно оперативни блоковите, само од термоелектраните ќе се произведеше близу 19.000 мегават часови струја.

– Но и под претпоставка истите да работеа со 70% од капацитетот, ќе се задоволеа потребите на државата, а останата струја од другите извори ќе можеше да се извезе и ЕЛЕМ ќе бележеше профит. Со 70 отсто искористеност на РЕК Битола и Осломеј, се што би произвел ТЕЦ Неготино ќе се извезеше, а дополнителни количини ќе имаше и од хидроакумулациите и ветерниот парк Богданци, струја која е поефтина и би се искористила за домашна употреба, а таа од термоелектраните би можела да се продава.Со правилно оптимизирање, ЕЛЕМ во изминатиов период ќе можеше да врши извоз на струја од над милион евра дневно. А за увоз воопшто немаше да се зборува – велат од опозициската партија.

Од СДСМ на ова тврдење на опозициската партија возврати дека лидерот на опозицијата  со месеци ја плаши јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор.

– Лажеше Мицкоски уште минатата година дека јаглен има уште за два дена, а оттогаш поминаа речиси 400 денови, јаглен има доволно а термоелектранитего зголемија производството за 25 отсто.Со месеци бараше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди.Сега, секој месец цената на гасот опаѓа и купувањето гас за пократки периоди се покажа како успешна одлука на Владата. Доколку се набавеше гас во изминатите неколку месеци за целата грејна сезона, ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа.Ете колку познавање има Мицкоски од енергетика, се што тој кажа и предвидуваше, на крајот излезе спротивно – реагира СДСМ.

Од партијата додаваат дека  ЕСМ со своето производство од термоелектраните, од хидроелектраните и втерниот парк во Богданци произведува електрична енергија која 100 отсто односно во целост ги покрива потребите за струка на домаќинствата и малите потрошувачи.

Поврзани содржини