ВМРО-ДПМНЕ ТВРДИ ДЕКА ШИЛЕГОВ НЕМА ДОЗВОЛА ЗА НАДГРАДБА Семејната зграда сепак излегува од габаритот?
Петре Шилегов ја замајува јавноста, една недела му требаше да собере храброст да излезе на прес и да каже дека тоа што сите го гледаат не постои, реагираше портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Петре Шилегов потврди бесправно гради семејна зграда, бидјеќи објектот излегува од габаритот на претходната градеба, а излегува и од дозволената максимална висина според постојниот ДУП, реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес-конференција.
– Петре Шилегов ја замајува јавноста, една недела му требаше да собере храброст да излезе на прес и да каже дека тоа што сите го гледаат не постои. Реконструкција, според Законот за градење, значи изведување на работи во рамки на постојниот габарит. Петре Шилегов го менува габаритот на објектот, се додава на висина и на катност. Според ДУП, висината на објектот е 8,8 метри, со приземје кат и поткровје. Тоа што на имотниот лист на Петре Шилегов има два стана, не значи ама баш ништо. И поткровје има со станови, ама се поткровје со определена помала висина на ѕидот, затоа се оние косини во тие станови. Односно имаат помал внатрешен волумен – рече Стоилковски.
Тој додаде дека Петре Шилегов под реконструкција сака да прикаже надградба на постојниот објект со цел добивање на цел кат без намален волумен, плус градба над дозволената или веќе постоечката висина.
– Петре Шилегов го потврди тоа што го зборувавме. И Петре Шилегов во паника од најавената кривична пријава излезе со документ зад кој што нема одговори. Според кој ДУП му е издадено ова решение за реконструкција коешто го извади во јавноста? Зошто Петре Шилегов со решение за реконструкција прави доградба односно надградба, иако не смее да биде објектот повисок од максималната висина од 8,8 метри? И најважното, зошто ги крие изведувачот и решението за градба со тоа што не постави информативна табла, што е задолжителна пред објект кој што се гради? Уште еднаш ќе повторам, Петре Шилегов е фатен во тесно, ја замајува јавноста, зборува дека тоа што сите го гледаат не постои – обвини Стоилковски.