ВМРО-ДПМНЕ: Со четвртиот пакет мерки нема помош за студентите и учениците

344

СДСМ потфрли на економско поле. Од ветените над половина милијарда евра за првите три пакети на економски мерки исплатиле едвај 1/3. На СДСМ полесно им беше да ги потрошат парите за поткуп, отколку да им помогнат на граѓаните и бизнисот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Четвртиот пакет кој што сега го ветуваа, немаше да биде потребен, доколку домаќински ги реализираа досегашните три пакети. Парите наместо кај граѓаните и бизнисите завршија кај фирмите на Нина Ангеловска и Заеви. Дополнително со мерките не се опфатени сите. Заев не ги опфати студентите, и не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување од партиципација на сите студенти запишани на државните универзитети. Не се опфатени ниту учениците во  основните и средните училишта – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани содржини