ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов преспа 4 години, а сега ги ветува истите проекти

Подземни сообраќајници се научна фантастика за Шилегов, посочено е во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа се фрла на нешто со кое ќе замачка очи, но ќе може да испере пари.

441

Шилегов четири години ги преспа, за сега да ветува проекти кои вети дека ќе ги сработи во овој мандат. Но, наместо тоа тој се фокусираше на рушење и полнење на институциите со партиски војници, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Шилегов ветуваше тунели, зиплајн, Универзална, Луна парк,  продолжение на жичарницата, нови мостови, рекреативен центар кај езеро Треска кое го уништи и во цел мандат не успеа да реализира ни 10% од својата програма, па затоа сега повторно ја ветува истата. Скопјани во 4 години на мрзеливиот Шилегов не видоа ниту еден капитален проект, но затоа среде криза видоа скапи играчки диносауруси, со пари кои можеа да се наменат за лекување на ковид инфицираните. БРТ системот со кој толку се фали мрзеливиот Шилегов, кој не  трамвај како што сака да го претстави е само скап систем кој нема да биде решение, туку ќе создаде многу проблеми и ќе ги чини граѓаните 70 милиони евра“, се вели во соопштението.






Подземни сообраќајници се научна фантастика за Шилегов, посочено е во соопштението, па затоа се фрла на нешто со кое ќе замачка очи, но ќе може да испере пари.

„Наместо да се фали со пожарникарската скала, Шилегов да објасни каде ќе завршат 700 илјади евра повеќе од вистинската сума на скалата, која скопјани се уште ја немаат видео. За какво намалување на загадувањето се фали мрзеливиот Шилегов кога Скопје во неговиот мандат секојдневно во зимските денови се наоѓа во светскиот врв на најзагадени градови. Мрзеливиот Шилегов е прочитана книга и залудна му е новата кандидатура на претстојните локални избори затоа што жестоко ќе биде казнет од граѓаните на Град Скопје за целата неспособност, неработа и неразумно трошење на народните пари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини