ВМРО-ДПМНЕ СЕ МИСЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА Александар Николовски вели дека се разгледуваат сите аргументи
Сè поизвесно е, според Николоски, дека СДСМ и ДУИ се обидуваат да изманипулираат за да добијат пратеник повеќе.
Сè уште е неизвесно дали најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техичката Влада, на чие чело ќе седне Талат Џафери. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека сериозно се размислува за понатамошните чекори, кои тие како опозиција би ги презеле во однос на нивното учество во техничката Влада.
Доколку се решат на тој чекор ним би им припаднале местата министер за внатрешни работи, министер за труд и социјална политика и три заменички места во финансии, земјоделие и министерството за информатичко општество и администрација со врзан потпис.
Сè поизвесно е, според Николоски, дека СДСМ и ДУИ се обидуваат да изманипулираат за да добијат пратеник повеќе.
– Власта соочена со нискиот рејтинг и со извесниот пораз на изборите се обидува да направи било какви манипулации не за да победат на избори, туку за да изманипулираат за некој пратеник плус – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.