ВМРО-ДПМНЕ РЕАГИРА ПО АПСЕЊЕТО НА МАРКОВСКИ Омилената компанија на СДСМ и ДУИ испумпала 100 милиони денари од буџетот

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека власта на СДСМ и ДУИ со години местела тендери за компанијата „Марковски“, чиј сопственик сега е уапсен по сомнение за испумпување 100 милиони денари од буџетот.

2,056

Она што како партија изминативе години го говоревме, дека СДСМ местеше тендери со својата омилена компанија „Марковски“, денес конечно излезе на површина, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по апсењето на бизнисменот Борче Марковски.

Според партијата, Финансиската полиција постапила по сомнение за местење на тендери, при што бил уапсен Марковски, сопственик на компанијата која, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, во последните години добивала милионски државни договори.






„Она за што со години алармиравме, сега конечно доби потврда. Финансиската полиција уапси човек кој бил директно поврзан со владејачките структури на СДСМ и ДУИ. Станува збор за испумпување на околу 100 милиони денари од државниот буџет“, стои во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека токму оваа компанија била најомилен партнер на СДСМ и ДУИ, добивајќи тендери во вредност од над 200 милиони евра за само две години.

„Власта на СДСМ и ДУИ со години ги штитеше овие криминални структури, а институциите молчеа. Денес се гледа дека правдата, иако бавно, сепак доаѓа“, додаваат од партијата.

Во своето соопштение, ВМРО-ДПМНЕ порача дека никој нема да биде поштеден од одговорност и дека правдата мора да биде иста за сите.

„Полека но сигурно, правдата и одговорноста доаѓа. Никој нема да биде заштитен, без разлика на неговата партиска, политичка, верска или етничка припадност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Финансиската полиција засега не открива детали за истрагата, освен дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите инволвирани лица.

УАПСЕН БОРЧЕ МАРКОВСКИ, ЧОВЕКОТ ЧИЈА КОМПАНИЈА ВРТЕШЕ МИЛИОНИ ЕВРА ОД РЕК БИТОЛА Финансиската полиција го сомничи за местење тендер од 100 милиони денари

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТКРИ ШЕМА НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕК БИТОЛА Испумпани 106 милиони денари преку лажни фактури

Поврзани содржини