ВМРО-ДПМНЕ ПОВИКУВА ДА СЕ ОТКРИЕ ЗОШТО СЕ ЗАТРУЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ГОСТИВАРЦИ Ги обвини СДСМ, ДУИ и Таравари дека го довеле градот до колапс

138

Постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ги неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс.

Во изминатите денови над 1.000 гостиварски граѓани, меѓу кои и деца со симптоми на труење побарале лекарска помош во болница, а според сомнежите, причина за тоа е загадувањето на питката вода во Гостивар.






Од партијата бараат целосно расветлување на случајот од страна на сите надлежни институции и повикуваат секој кој со своите постапки го загрозил здравјето и го ставил во опасност животот на граѓаните, да одговара согласно закон.

„Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Таравари, на ваков непрофесионален, аматерски и незаконски начин ги извршуваат работните активности за кои граѓаните ги избрале. Ваквиот начин на водење на локална самоуправа, кој граѓаните ги остави без елементарно право на чиста и безбедна вода за пиење, е доказ дека СДС, ДУИ и Таравари немаат капацитет да ја водат општината. Во овие неизвесни моменти, ВМРО-ДПМНЕ е заедно со гостиварци, го осудува овој скандал во Гостивар и изразува загриженост за здравјето и животот на граѓаните. Граѓаните заслужуваат достоинствени услови за живот и тоа го очекуваат од нивните локални избраници, а не да живеат во страв поради неодговорното владеење на СДС, ДУИ и Таравари“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини