Ситуацијата со коронавирусот е алармантна, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на веста за 20 заразени медицински лица на Клиниката за нефрологија. Во проджение реакцијата:
Ќе може ли воопшто таа Клиника да функционира во наредниот период, што со пациентите кои секојдневно се таму на прегледи, што со пациентите кои без дијализа не можат да живеат?
Зарем не ги јаде совеста бездушниците Филипче и Заев? Очигледно не, гајле им е.
Филипче и Заев дозволија покољ!
Филипче и Заев направија покољ, ги оставија на цедило медицинските лица кои се на првата борбена линија!
Филипче и Заев не обезбедија заштитна опрема за медицинските лица, а сега нема вакцини. Нема вакцини воопшто! Нема вакцини за никого!
За ова одговорност мора да има и тоа веднаш!