ВМРО-ДПМНЕ од вторник ќе протестира низ целата земја
За вторник се најавени протести во Скопје, Охрид и Прилеп против мафијата на Зоран Заев и зголемената цена на струјата.
Протестите на ВМРО-ДПМНЕ од вторник се прошируваат низ целата земја.
Прес-службата на партијата информира дека протести со возила во вторник ќе почнат во 18.00 часот, во Скопје, Охрид и Прилеп, а ќе се протестира против мафијата на Зоран Заев и поскапување на струјата.
„Граѓаните во Македонија се соочени со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4% што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од РКЕ. Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ е марионета на Зоран Заев, скапо платена марионета која удира по џебот на граѓаните за да ги покрие дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт.Сега народот плаќа поскапа струја, дури Бислимовски за своите штетни одлуки за граѓаните го плаќаат 120 илјади денари.ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните уште еднаш ќе порачаат, да се врати старата цена на струјата, да се спречи осиромашувањето на граѓаните, Марко Бислимовски и членовите на РКЕ да бидат сменети и на нивно место да се изберат експерти кои ќе го штитат интересот на народот“ , се вели во повикот за протестите.