ВМРО-ДПМНЕ од следната недела ќе собира потписи за укинување на Законот за попис

Минималната бројка е 10.000 потписи, но очекувам да одиме со бројка од 100.000 граѓани да се потпишат за укинување на Законот за попис и на тој начин овој штетен закон кој има за цел нереален и штетен попис да биде укинат - појасни Николоски. 

1,085

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски најави дека од следната недела ќе стартува нивната иницијатива за собирање на граѓански потписи за укинување на Законот за попис, и очекува да се потпишат 100.000 граѓани за да може да се делува во насока на укинување на овој закон.

– Иако претседателот Стево Пендаровски го потпиша законот за попис, единствено што останува како легална битка на ВМРО-ДПМНЕ е да ги повика граѓаните и да го повика македонскиот народ и сите кои живеат во Македонија да отидат во подрачните единици на Министерството за правда и да се потпишат на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на овој штетен закон за попис вели Николоски во гостување на телевизија Алфа.






Тој истакна дека правната процедура за истото е веќе почната овие денови и ќе биде дополнително објавен датумот од кога ќе почнат да се собираат потписите, рокот е 30 дена, очекува дека веќе од следната недела ќе се знае точно од кој ден ќе може граѓаните да појдат и да се потпишат со својата лична карта на оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се соберат доволно потписи за да може се делува на укинување на овој закон.

– Минималната бројка е 10.000 потписи, но очекувам да одиме со бројка од 100.000 граѓани да се потпишат за укинување на Законот за попис и на тој начин овој штетен закон кој има за цел нереален и штетен попис да биде укинат – појасни Николоски.

Николоски вели дека оваа власт секако ќе си замине, но со собирањето на што поголем број на потписи за укинување на овој закон на пратениците од владеачкото мнозинство нема да им биде сеедно доколку видат поголем број на потпишани граѓани за укинување на овој закон.

Во однос на заминувањето на оваа власт, не е прашање дали, прашање е само кога и на каков начин истото ќе се случи, вели Николоски.

 

Поврзани содржини