ВМРО-ДПМНЕ: Од кога тоа урбаните заедници имаат зелени табли и клупи?
СДСМ е единствената партија во светот која и сопствените избори ги лажираше со организирање на бугарски воз, каде имаа единствен кандидат, реагираше партијата на Христијан Мицкоски.
СДСМ да каже од кога тоа урбаните заедници се користат како училници, со зелени табли и клупи?СДСМ не е само заглавена во минатото, туку е и потоната во криминал и злоупотреби, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако партијата на Зоран Заев денеска истакна дека партиските избори се одржувале во урбани заедници, а не во училници.
„СДСМ е единствената партија во светот која и сопствените избори ги лажираше со организирање на бугарски воз, каде имаа единствен кандидат. На изборите на СДСМ видовме на слики едни исти лица како гласаат на две различни места. Можеби така е и добиена бројката од 59 илјади и 240 илјади гласа за Заев, тоа очигледно е единствениот начин. Единствено што ги загрижува граѓаните е 60 илјади невработени, а не што наводно 60 илјади гласале за Заев. Колку и да си создава лажна еуфорија, Заев тоне! Нема назад. Доаѓа македонска пролет“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.