ВМРО-ДПМНЕ НУДИ НОВА СИЛА Енергични кадри ќе ги развиваат општините

Кандидатите за градоначалници преку своите проекти нудат место за секој еден граѓанин да почувствува дека е опфатен во креирањето и градењето на неговата општина, велат од опозициската партија.

198

ВМРО-ДПМНЕ овие локални избори нуди енергични кадри коишто имаат визија, план, стратегија и развој на секоја општина. Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се новата генерација на луѓе кои ќе настапат на политичката сцена и ќе го креираат развојот на општините во нашата земја, велат од опозициската партија.

– ВМРО-ДПМНЕ преку кандидатите за градоначалници нуди нова сила којашто ќе донесе подобри промени во општините низ државата и искоренување на криминалот и корупцијата кои се длабоко навлезени поради власта на Заев. Кандидатите за градоначалници преку своите проекти нудат место за секој еден граѓанин да почувствува дека е опфатен во креирањето и градењето на неговата општина. Криминалната банда СДСМ нуди кандидати коишто имаат криминално досие. СДСМ нуди стари потрошени и докажано неспособни кадри коишто немаат реализирано ниту 10% од своите програми од претходните локални избори – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Според партијата, ова е разлика помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

 

 

Поврзани содржини