ВМРО-ДПМНЕ: Новиот пакет на мерки со кој се фали СДСМ ќе заврши во џебовите на фирмите на Заеви
СДСМ наместо да се фали треба да почне да работи. Потроши пред изборите над една милијарда евра за поткуп, а ефектот од тие пари е 40 илјади невработени, историски пад на БДП од речиси 13 проценти - стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Криминалната Влада на СДСМ ниту знае ниту умее да се справи со пандемијата во земјата. За тоа е доказ секојдневно високата бројка на новозаразени и починати лица. Од почетокот на пандемијата до денес во државата има над 600 починати лица и тоа не е само бројка тука се животни судбини, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ наместо да се фали треба да почне да работи. Потроши пред изборите над една милијарда евра за поткуп, а ефектот од тие пари е 40 илјади невработени, историски пад на БДП од речиси 13 проценти. Сега најавува нов пакет на мерки кои пак ќе заврши во фирмите на Заеви и Нина Ангелеска кои веќе земаа државна помош – велат од најголемата опозициска партија
Оттаму додаваат дека бизнис секторот секојдневно се жали дека владата заборавила на нив во овие тешки услови и поради тоа се приморани да ги затворат истите.
– Единствено нешто за што води грижа оваа криминална влада е само како повеќе да го осиромаши народот, а тие да се богатат. Заев не се бори против криминалот, Заев го прави криминалот. Заев не е решение на проблемот, Заев е проблемот – велат од ВМРО-ДПМНЕ.