ВМРО-ДПМНЕ НЕ МУ ВЕРУВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Шилегов да објасни од каде му се парите

Од опозициската партија јавно прашаа како е можно во неговиот имотен лист издаден од УЈП, да не бидат содржани промените во неговата имотна сопственост, остварени во изминатите четири години.

1,135

Од ВМРО-ДПМНЕ не се задоволни од одговорот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој денеска на прес-конференција обелодени документи за својата имотна состојба, демантирајќи ги обвинувањата дека за време на мандатот незаконски се збогатил.

– Главното прашање е како Петре Шилегов со чиновничка плата успеа да стигне до четири стана, две куќи, злато и уметнички слики вредни неколку стотици илјади евра? Како Петре Шилегов како градоначалник успеа да гради зграда среде Скопје дивоградба и со се разбира неоткупено дворно место? Како Шилегов има вилает од 300 квадратни метри на два ката, во Маврово додека е градоначалник на Скопје – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од опозициската партија јавно прашаа како е можно во неговиот имотен лист издаден од УЈП, да не бидат содржани промените во неговата имотна сопственост, остварени во изминатите четири години.

Претходно, Шилегов истакна дека од ВМРО-ДПМНЕ водат црна кампања против него.

 

Поврзани содржини