ВМРО-ДПМНЕ НЕ ДАВА КРЕДИБИЛИТЕТ НА ПРОЦЕСОТ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Ковачевски да си провери дали има мнозинство во парламентот

Вистина е дека не само што Ковачевски нема мнозинство за уставните измени, туку и дека голем дел од пратениците на СДС нема да поддржат промени на Устав, затоа Ковачевски се плаши и растура пердуви, вели ВМРО-ДПМНЕ.

235

За приказните на Димитар Ковачевски дека едно се зборувало пред јавноста, а друго пред амбасадорите, добро е Ковачевски пред да растура пердуви, да каже кои се тие амбасадори и тие да кажат мислење и свој став за ова лажно тврдење на Ковачевски, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Цела година Димитар Ковачевски кажува дека има мнозинство. Не знаеме зошто и сега дефокусира со ВМРО-ДПМНЕ и му се потребни. Ако е уверен дека има пратеници, нека одат во собрание да проверат дали е така. Вистината е дека не само што нема мнозинство, одговорно тврдиме дека голем дел од пратениците на СДСМ не поддржуваат уставни промени. Затоа Ковачевски се плаши да пристапи кон уставни измени и само растура пердуви“, се вели во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставни измени, бидејќи, како што0 соопштува, не дава кредибилитет на некредибилен процес.

„Нашиот став за уставни измени е непроменет и ова собраниски состав нема легитимитет за тоа. Доколку дојде до предметна дебата во Собранието, ние ќе ги кажеме аргументите против насилното носење на уставни измени под бугарски диктат“, се вели во соопштението на партијата.

Поврзани содржини