ВМРО-ДПМНЕ: Наумовски со полиција им се заканува на советниците и граѓаните кои се против урбаната мафија

Од партијата појаснуваат дека на денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров советниците од ВМРО-ДПМНЕ побарале присуство на градоначалникот Александар Наумовски и да се стави на дневен ред точка – Ревидирање на ДУП СЗ 24, но биле одбиени.

1,246

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски со присуство на полиција ги заплашувал советниците од редовите на партијата и граѓаните кои побарале Советот на денешната седница да расправа за ревидирање на деталниот урбанистички план  во делот на месноста Јурија.

Од партијата појаснуваат дека на денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров советниците од ВМРО-ДПМНЕ побарале присуство на градоначалникот Александар Наумовски и да се стави на дневен ред точка – Ревидирање на ДУП СЗ 24, но биле одбиени.






– Беше побарано да се намали катноста на зградите и укинување на одредбата која што дозволува висина од 58 метри или 17 ката; да се намали бруто развиената градежна површина која сега изнесува над 90000 метри квадратни и 800 станови; и да се намалиопфатот на градежна површина, а да се зголеми површината на зеленилото – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По одбивањето на барањето на седницата се приклучиле и претставници на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров кои уште на 16.09.2020 поднесоа барање за ревидирање на ДУП-от во општина Ѓорче Петров, поточно СЗ 24 во месноста Јурија во Дексион.

-Претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров побараа одговор од претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров зошто во изминатиот период на неколку пати точката не се става на дневен ред и со самото игнорантско однесување придонесуваат за бес кај засегнатите граѓани. Претседателот на Советот, Илија Спасовски ја отфрли можноста и овој пат да ја стави точката на дневен ред, а со тоа повторно покажа непочитување на потребите на граѓаните и го затскрива главниот застапник на урбаната мафија, Александар Наумовски – појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тогаш градоначалникот на општината повикал полиција.

– Градоначалникот и локалната власт во недостиг на аргументи за барањата на граѓаните, повикаа полиција со цел да создадат страв и паника, како кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, така и кон претставниците на иницијативата. Дополнително беше повикано и приватно обезбедување со цел заплашување на советниците и граѓаните.Насилието кое денес го демонстрираа  е знак дека се исплашени од граѓаните и дека се што прават го прават со сила и без општ граѓански консензус – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, советничката група на СДСМ бидејќи не прифатила промена на урбанистичкиот палан е директен соучесник во урбаното дивеење на Александар Наумовски, со што се потврдува тезата дека градоначалникот директно е вмешан во урбаниот криминал во општина Ѓорче Петров.

Претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров најавија нови протести и блокади против урбаното дивеење.

Поврзани содржини