Традицијата е нашето дефинирање, а Водици нашиот корен. Но за жал од достоинствен, искрен и сосема краток настан во кој преовладуваа среќата и радоста власта непотребно создава нервоза, реагира ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
„Апсолутно непотребно на сите капачи по излегувањето од езерските води им беа земани податоци од полициските службеници. Немаше никакво групирање и натпревар за фаќање на крстот чин кој беше завршен во црква, не постоеа турканици и немаше никакви непријатности, па според тоа за секаква осуда е насилието кон граѓаните од страна на власта.
Народот нема да ги заборави двојните аршини на оваа ненародна власт. Селективното однесување на власта е крајно нечовечки и против македонската традиција“, се вели во реакцијата.