ВМРО-ДПМНЕ: На тајни средби во Софија, Заев ги продава македонските интереси
Како што посочуваат оттаму, според нивните информации, се разговара за договор за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои.
Од опозициската партија ВМРО-ДПНЕ велат дека овој викенд во Софија се одржуваат тајни средби помеѓу македонски и бугарски владини претставници.
Како што посочуваат оттаму, според нивните информации, се разговара за договор за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои.
– Македонските владини претставници биле договорени да попуштат во црвените линии и да ги прифатат бугарските максималистички барања – нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Заев досега не ги негира овие тврдења.
Од партијата бараат Заев и, како што велат, неговата влада во заминување да не и прават штета на државата.
– Ниту еден договор кој ќе биде штетен нема да помине и нема да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ – се наведува во соопштението.