ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ и на Филипче не им се работи, заемот за болниците е изговор
СДСМ и Венко Филипче се виновници за здравствениот хаос и економската катастрофа која ни се случува. Време е за одговорност, се вели во соопштението на опозицијата.
СДСМ да не се правдаат и да престанат до лажни изговори. Девет месеци ја лажат јавност за нови болнички капацитети за ковид-19, а Филипче со прст не мрдна, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Филипче го преспа цело лето. И не направи ништо. Ако толку бил важен заемот за ковид-19 болниците, тогаш нека крадат помалку и наместо картички за поткуп можеа да ги пренаменат парите за болници, или, пак, министерката за еднократна употреба Нина Ангеловска, која пропадна банка можеше да им го потпише кредитот. Но, СДСМ наоѓа само изговори. Реалноста е дека не знаат и не им се работи. СДСМ и Венко Филипче се виновници за здравствениот хаос и економската катастрофа која ни се случува. Време е за одговорност“, се вели во соопштението.