ВМРО-ДПМНЕ: Лажоманот Заев реши да прави рестрикции откако ги прослави корона изборите во Штип

Од партијата велат дека Заев не е свесен дека само за време на кампањата за изборите во Штип починаа околу 700 лица.

294

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение до јавноста истакнаа дека премиерот Заев и министерот Филипче, откако ги просла корона изборите во Штип, решија да носат рестрикции.

– Заев е лажоман кој по корона изборите, селективните партиски прослави и по 2.194 мртви реши да прави рестрикции. Тоа што на стартот на кампањата на 21 ноември за корона изборите во Штип имаше 1.487 починати, а денес има 2.194 починати од ковид-19 за Заев не значи ништо – стои во соопштението.






Од партијата велат дека Заев не е свесен дека само за време на кампањата за изборите во Штип починаа околу 700 лица.

– Свесен ли е за Заев дека само за време на кампањата за корона изборите починаа околу 700 лица? Очигледно не! За Заев беше важно да го продолжи трендот на криминално-талибански избори како оние што беа на 15 јули. За Заев беше важно неговиот кандидат Сашко Николов наместо да ги лечи граѓаните да седне во локалната фотелја и очигледно да ги тераат бизнис интересите. За Заев беше важно да изигра оро по прес конференцијата со кандидатот за градоначалник. За Заев беше важно неговата екипа да седне во кафеана да се напие, да се слика, да се гушка како Николов, Костадин Костадинов да не виделе кафеана. А кога би го направиле тоа, ако сега не. За нив сега е време кога има корона, кога на ден има по повеќе од дваесеттина починати – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат и откако помина игранката, без никакви протоколи, бидејќи тие се и недопирливи веќе ден потоа донесоа мерки, ќе затворат кафулиња, ресторани. Важно нивната игранка помина, што е важно што им се случуваше на граѓаните, што е важно што молат кај стигнат за терапија, за болнички кревет.

– Време за мерки е токму сега откако поминаа изборите во Штип, откако се провеселија, и откако бројката на починати е 2.194. А нели тоа беше проценката на неговиот министер Венко Филипче дека толку ќе има заболени од корона?! Но, Филипче очигледно е дека веќе не знае кој бран е, кој пик, кој се заразува. Зошто би знаел нешто да направи за граѓаните кога бизнисот добро врви. Граѓаните ги навредија и ги потценија! Затоа време е за одговорност, време е за оставка на надлежните за севкупната ситуација во државава – стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини