ВМРО-ДПМНЕ: Лажењето ги стави Филипче и Заев на црната листа за извор на лажни вести на Американскиот совет
Вакцинацијата требаше да стартува на крај на декември, па почеток на јануари, па крај на јануари, почеток на февруари, обвинуваат од опозицијата.
Вакцини нема во Македонија, ама затоа Македонија ги има Филипче и Заев кои се прогласени за извор на лажни вести, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„И тоа го потврди и Американскиот научно-здравствен совет. Ова што сега во февруари го потврди оваа престижна американска институција граѓаните го знаат од минатата година. Филипче и Заев лажат во врска со вакцинацијата веќе половина година. Филипче и Заев минатата година есента уверуваа дека сме најподготвена земја за старт на вакцинацијата. Филипче во октомври минатата година рече дека вакцини во Македонија ќе има на време. Сите држави почнаа вакцинација од декември, вакцини во Македонија нема никакви! Прво рекоа, вакцина ќе има од КОВАКС крај на декември, почеток на јануари 2021 година. Потоа рекоа дека ќе има донации на вакцини од Бугарија, а беа најавени и од Грција. На почеток на јануари рекоа директно ќе преговараат со производителите, ќе преговарале со Фајзер. И се смееја на Србија кога ги доби првите дози крај на декември, за Заев неколку илјади дози вакцини не биле ништо. Сега Србија се подготвува за производство на руска вакцина, во Македонија нема ни една вакцина“, се вели во реакцијата.
Вакцинацијата требаше да стартува на крај на декември, па почеток на јануари, па крај на јануари, почеток на февруари, обвинуваат од опозицијата.
„Денес е осми февруари, во Македонија нема никакви вакцини! Неспособноста и неодговорноста на Филипче и Заев резултира со тоа Македонија да биде меѓу првите на светската листа на починати, ама да ја нема на листата на колку граѓани се вакцинирани. За лагите и последиците од нив мора да има одговорност“, наведено е во соопштението.