ВМРО-ДПМНЕ: Каква правда ќе дели Црвенковска, беше шеф на кабинетот на Бучковски?!

639

Од шеф на кабинет на Бучковски до делител на правда, не бива. Павлина Црвенковска од партиски функционер на СДСМ стана претседател на Судски совет, реагира најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Независноста на судската власт е обврска. Не може партиски човек да одлучува за работата на судиите. Какви ќе бидат одлуките на Црвенковска партиски или независни?! Со Црвенковска на чело на Судски совет пак ќе гледаме како ЈО и судството работат под диктат на Заев и како нема ниту една постапка против него. Ќе гледаме како нема разрешници за Мафија 1 и 2, за Шик Јелак, за Еуростандард, за сите скандали и афери, кои не се ни добројуваат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини