ВМРО-ДПМНЕ: Измените за заштита од корона веднаш да се стават на собраниска седница, специјалната комисија е посебен предлог

350

Министерот за здравство Венко Филипче веднаш без никакви изговори да ги доставите предлог законските измени со цел заштита на јавното здравје на граѓаните во ситуација на пандемија со ковид-19, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Законот за заштита на населението од заразни болести и новите мерки за превенција од понатамошно ширење на вирусот може да бидат изгласани доколку тоа вистински го сака Филипче. Крајно време е Филипче да прекине да бега. Филипче е главниот виновник за целата ситуација во врска со корона кризата во која се наоѓа Македонија. Не може Филипче да бега од одговорност. Филипче конечно треба да понесе одговорност – велат од партијата.






Предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за специјална државна комисија за справување со пандемија која ќе брои 11 члена и во која по функција би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози тројца членови, епидемиолози двајца членови, микробиолози двајца членови, еден имунолог и еден специјалист интернист, ќе биде поднесен како посебен предлог независно од предлогот за законски измени – објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани содржини