ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат задолжително тестирање на хронично болните

Дневници за прекувремена работа да се исплаќаат исклучиво само за АРМ , полицијата и здравствените работници. 

346

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните  „Вашите проблеми, заеднички решенија – Ја сакам Македонија“, до партијата секојдневно пристигнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, соопшти партијата.

„Жители на главниот град предложија владата да организира волонтери коишто почитувајќи ги безбедносните и здравствените прописи би можеле да им помагаат на стари и изнемоштени лица, како и на сите оние на кои им е потребна помош, а не можат да ги напуштат своите домови.






Жител на скопската населба Аеродром вели дека предложениот алгоритам на надлежните за одредување на лица за тестирање не дава резултати. Пледлага да се тестираат сите лица со хронични заболувања преку нивните матични лекари.

Граѓаните ја критикуваат владината уредба со којашто им се исплатија платите на СЈО, велат дека треба да се изнајде начин тие приноси да се одложат за 6 месеци по завршување на кризата, за да се поштеди буџетот од дополнителни вакви трошења. Некои од предлозите се да се сведат на минимум непотребните издатоци од страна на институциите и тоа по основ на патувања како и користење на службени возила, како и да се стопираат веќе отпочнатите постапки за вработување, а дневници за прекувремена работа да се исплаќаат исклучиво само за АРМ , полицијата и здравствените работници.

Десетици поплаки од граѓаните, тие се изреволтирани од досегашните мерките на владата и прашуваат како можат некои земји од регионот да наоѓаат финансиски средства и да им помагаат на сите свои граѓани, очигледно оваа влада е многу горделива и не прифаќа туѓи препораки, прашуваат зошто владата до сега не побара помош од големите земји“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Поврзани содржини