ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛОТ КОЦЕВСКИ ДА ДАДЕ ОСТАВКА Секој ден на позиција му измеќарува на СДСМ, тврди Петрушевски

373

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика главниот обвинител Љупчо Коцевски да даде оставка, откако му беше изгласана недоверба во Собранието.

– Одамна главниот обвинител Коцевски нема кредибилитет во очите на народот, а сега кога СДС јавно застана да го брани во Собрание, му го уништи и тој кредибилитет што некогаш го имал. СДС го разголи главниот обвинител Коцевски. Совршено е јасно чии насоки до сега извршувал, и зошто постапките против функционери на СДС се таму каде што се. Да имаше главниот обвинител Коцевски грам морал, тој немаше да чека СДС да го брани и самиот ќе поднесеше оставка – изјави Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.






Според него, игнорирањето на 2% доверба од народот и интерпелацијата во Собрание, е јасен показател дека главниот обвинител Коцевски има друг приоритети, а тоа е „да служи како гума за спасување на дел од функционерите од СДС блиски до Филипче и до Заев од кривична одговорност за криминалите кои ги правеле.“

– Доблест не може да се очекува од Коцевски, само чисто калкулантство и политичко профитерство – додава Петрушевски.

 

Поврзани содржини